Сашо Димоски, писател и драматург: Големите, планетарните потреси ја потенцираат нашата природна ранливост

Писателот и драматург Сашо Димоски, во пресрет на актуелната театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ потврдува дека  навистина има особен сенс за се околу и во себе, велејќи вели дека претставата е осмислена и создадена во „новата нормалност“, и сервирана од контекстот на вирусот.
Вистинско време да се погледне, почувствува присуството или отсустото на театарот онаков каков што го познаваме.

Во годината што тече, во знакот на големите промени, пандемијата, Вие имате текстови за две премиери, нова книга и меѓународно признание. Веднаш на почетокот – како Ви успеа да се издигнете над општата анксиозност, можеби – резигнираност и немоќ?
– Годината што тече ги изнесе со молскавична брзина на површината сите проблеми кои претходно се чинеа невидливи, натера на соочување со нив и создаде огромен број нови. Принудени сме да се разбудиме и да почнеме да дејствуваме. Не добиваме ништо од тоа ако стоиме заглавени во проблемот, апатични, резигнирани и уплашени. На проблемите сакам да гледам како на предизвици, како на можности. Кога сцената е недостапна во нејзиното вообичаено поимање, неопходно е да изнаоѓаме нови начини на артикулација на сопствениот порив. Големите, плантеарни потреси, како овој во кој живееме, само ја потенцираат нашата природна ранливост и мораме да наоѓаме начини за да ја заштитиме, но и автентично уметнички да се развиваме од контекстот на вирусот.

Најактуелната работа е премиерата на театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“. Раскажете ни нешто за тоа.


– „Херои 04:33“ е театарска инталација за еден гледач на чие осмислување и реализирање работевме подолго време. Режијата на предлошката е на Деан Дамјановски, сценографијата и дизајнот на Филип Коруновски, костимите на Елена Вангеловска, музиката на Сашко Костов, видеодизајнот на Данчо Стефков, шминката на Адријана Стаменковска, а во инсталацијата учествуваат актерите Васил Зафирчев, Исидор Јовановски и Кети Борисовска.
Оваа инсталација е осмислена и реализирана директно од забраните и „новата нормалност“ која ја сервираше контекстот на вирусот. Доживувачка, а не прикажувачка во својата рамка, оваа инсталација го театрализира присуството или отсустото на театарот онаков каков што го познаваме, на непосредната уметност како таква. Инсталацијата ќе биде премиерно поставена во МКЦ во рамки на МОТ, на 05/6 декември со почеток во 18:00 часот, додека премиерата на матичната сцена во Велешкиот театар е закажана за 09.12.2020 во истиот термин.

Вашите текстови се познати по длабока доза „нурнување навнатре“, некогаш најдиректно, некогаш индиректно, преку туѓи животи и судбини, но секогаш низ Вашето „себе“. Колку се актерите подготвени за ваков предизвик?
– Предизвикот е секогаш заеднички бидејќи театарот е колективна уметност и ако во неа не се пронајде заедничкиот предизивк за создавање светови или нивно толкување – таа е однапред осудена на пропаст.

Со Вашето име и дело одат и титулирањата. Колку, како на млад човек исклучиво предаден на уметноста, тоа (не) Ви годи?
– Уметоста е систем кој се учи, се надоградува, се развива постојано и ја нуди можносга човек секогаш одново да открива нови нешта за себеси, за светот во кој живее. Нуди постојан напредок за кој посветеноста е основното гориво. Човек е или посветен или незаинтересиран, барем според мојата структура на чувствителноста.

Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!