10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Светски звук и изглед: Антониа Гиговска има „Магнет“

„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, што го промовираше на своите социјални мрежи.
Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“.
Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец.
По се изгледа Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла“.
– Што да кажам? Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видеоспот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како изгледа се. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно од се. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим – вели младата Антониа.
Инаку Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нешто ново со кое сме сигурни дека повторно позитивно ќе ја изненадат публиката. Она што е важно да се напомене, е тоа дека за неколку месеци Антониа ќе го издаде и својот прв албум на кој веќе работат Лазар Цветкоски и Тајзи.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена