Секој ден носи избор: мир или немир
Ако изберете да се чувствувате бедно, ќе најдете многу причини за тоа. Ако изберете да бидете мирни, ќе најдете многу причини да бидете мирни. Размислете дали сте веќе вешти во развивањето на чувства како што се беспомошност, тага, немоќ… Ајде сега обидете се обратно: со истите вештини инспирирајте се да бидете исполнети со мир. Направете го тоа.
Патем, се што сте постигнале дошло како резултат на вашите обиди истото да го остварите. Тоа е вашата работа- да се обидувате и да верувате. Обидувајте се. Верувајте дека следните десет години ќе бидете повеќе разочарани од можностите кои не сте ги искористиле, отколку од можностите кои сте се обиделе да ги остварите. Дајте си можност самите на себе.
Коментарите се затворени