5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

Се одржа „Винодонија“, елитна викенд шема во нашата престолнина

Овој викенд супериорно, со полн капацитет и многу љубов се славеше виното. Во елегантниот простор на хотелот „Мериот“, по шести пат се случи „Винодонија“, ивент кој, според посетеноста потврди дека виното е апсолутно најомилен пиалок помеѓу нашата популација.

„Винодонија“ беше сцена каде се претставија 60 винарии со над 450 етикети, со што се воспостави вистински контакт со винската публика, се разбуди винската страст и на патот кон промовирањето на добрите вина и исти такви винарии стана сериозна конекција во развивањето на винската култура.

Организаторите овозможија гостите да си одберат свое катче, или кај винариите, или во делот со вкусните залчиња, или во едукативен пристап со одржувањето на неколку вински работилници…

Се слушаше добра музика и се вкусуваа интересни работи за кои беа задолжени дел од претставниците на Слоу фуд мрежата,(ТУФ тартуфи, Моја бавча, Кози млеко планина, Мирјана Ангелеска, Масло од лешник, Гаврилоски сувомеснати производи, Саша Стојчески, Био Оил масла) како и Пекабеско, Екстра фунги, Рудине…
Се гледаме на Винодонија 2023!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена