12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

Слабеење со јогурт

Исхраната која не е збогатена со калциум доведува до брзо здебелување со што масните наслаги стануваат поголеми. Но, кога ќе внесете јогурт во исхраната, се забрзува губењето на телесна тежина и се намалува стомакот.
Научниците докажаа дека дебелите луѓе кога внесуваат три оброка со јогурт губат 22% повеќе тежина и 61% повеќе телесни масти, за разлика од другите кои не внесуваат доволно калциум низ исхраната.
Оваа диета е два пати поефикасна за одржувањето на мускулната маса, бидејќи кога луѓето држат диета за слабеење сакаат да го изгубат масното а не мускулното ткиво.
Чаша немасен јогурт од 180 грама дава доволно белковини, многу витамин Б12, калциум, цинк и останати хранливи состојки, кои многу тешко можат да се најдат во друг вид на храна на едно место. Јогуртот има само 140 калории и е многу значаен во оддржувањето на цревната флора.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена