5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

„Сланинијада“ во Качарево. Браво за „Гаврилоски“- витези на големата гурманска манифестација во Србија

Во 35. годишното траење на гурманска манифестација- качаревската „Сланинијада“ во Србија, за првпат е прогласен витез на сланините, а таа почесна титула ја има македонскиот тим на најдобрите сувомеснати производи „Гаврилоски“ од Гостивар.
Дамјан и надвор од границите е етаблиран и познат по фантастична сланина, за чив процес на изработка вели:

 

 

„Оваа работа е многу деликатна, особено затоа што се работи со месо и се внимава на секој детаљ. Нашиот начин на производство е поразличен од месните индустрии- не користиме никакви адитиви и додатоци за вкус, се се работи рачно, долготрајно, внимателно, па и мераклиски и затоа производот е поразличен и поквалитетен од индустрискиот… Што се однесува до натпреварувањето во Качарево, во царство на сланините, традиционално сме присутнии со години а задоволството е уште поголемо бидејќи нашата сланина е препознаена како квалитетна за што сведочат наградите и признанијата. Овогодинешните признанија, особено „Витези на сланинијадата“ ни се особена чест.“
Во силната конкуренцијата во Качарево, каде и самото учество е своевиден престиж се враќа традицијата на голема врата: специфичен, старински начин на обработка на сланината, како што го правеа нашите дедовци значи и збогатување на исхраната „како некогаш“, со стара добра сланина и маст, кога се живееше и подолго и поздраво.

Настанот во јужнобанатско село „гастрономската метропола“- Качарево, за кое, велат не ви е потребен гугл, туку само добар нос во овие 35 години го посетиле повеќе од 3,5 милиони луѓе. Верувале или не, освен производите на домаќините од Србија, се натпреваруваат и сланини од разни краишта на светот. Така и името на нашата земја, благодарение на Дамјан Гаврилоски е секогаш на врвот на добриот квалитет.
Честитки Гаврилоски!
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена