Вчера се случи омилената манифестација на хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА, тортијада „СЛАТКА МИСТЕРИЈА 2019“, чиј домаќин беше Општината Чаир . Да се одбере најдобра торта навистина не е лесно а Гастромак ја имаше токму таа задача. Имено, наголемиот дел од судиите беа токму од Гастромак – Адријана Алачки, Бесим Љатифи, Лирим Даути и Благоја Велковски.