Слободанка Танева: Опера и фестивали, рака под рака

Имаше забележлив настап на „Макфест“:иако дебитант, привлече внимание со интересна боја на глас и певлива мелодија. Како дојде до сораборката со Ѓорги Крстевски, авторот на песната „Рам дам дари дам“?
– Убаво е искуството да се осети таа сцена, ќе го паметам мојот прв настап. Да, дебитирав и песната е одлично прифатена, реакциите на публиката се позитивни, а за мене, нормално тоа е убаво чувство… Соработката со Ѓорги Крстевски трае подолг период, но за оваа песна беше сосема неочекувана. Ја слушнав песната „Рам дам дари дам“, што ја потпишуваат Ѓорги и Лидија Крстевски, ја отпеав во придружба на Трајче Давков Трајо- саксафон, испадна убава за уво и така решивме да ја слушне и публиката. Се надевам и понатаму ќе има добри песни.


Има ли генетика врска со твојот талент? Раскажи ни нешто за себе.
-Потекнувам од музичко семејство, и верувам во генетика. Од целата моја фамилија, сите се самоуки и свират различни инструменти. Имаме име на македонската сцена, мојата тетка Катерина Танева, поточно Кате од „Нели ти реков“. Веке години назад сум со музиката: основно, средно училиште а сега и факултет. Студирам соло пеење, на факултетот за музичка уметност во Скопје. Подготвувам дипломски испит и пред крај на студии сум.
Сум била на различни натпревари во Македонија и надвор од земјата, како и на фестивали за класична музика. Многу ја сакам музиката.

Какви мечтаења имаш во врска со својата иднина? Пеење: поп- сцена или класична музика и опера?
– Нешто чудно се случува кога ќе ми се постави оваа прашање. Музиката ја чуствувам максимално, што и да пеам, го чувствувам и уживам во тоа. Секој жанр е испочитуван од мене. Со операта сум од малечка, се одлучив за тоа за да ги научам правилните техники во пеењето.
Сеуште не сум не сум „пресекла“, но се гледам и во поп- музиката. Кога е операта во прашање, недежите ми се насочени надвор од границите, но, тука живеам, мометално ќе работам да излезе од мене тоа што го умеам.
И, сигурна сум дека соништата ќе бидат дел од мојата реалност.
7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!