Слоу Фуд Македонија: Време е за најмалите, време е за „Полжавче“

Го празнуваме првото издание на списанието „Полжавче“ на Слоу Фуд Македонија, затоа што е најдена врската помеѓу минатото и иднината, а светот нели- на младите останува. Добредојде „Полжавче“!

Раѓањето на списанието е поради децата кои треба да пораснат во луѓе надоени со верба за вистинските вредности, за добра, чиста и правична храна, што ќе знаат да ја произведат и консумираат, бидејќи ќе бидат освестени дека токму храната е лозинка за иднината, поврзана со традицијата, естетиката и чиста љубов, спакувана во секојдневието и вистинската култура на живеењето.
Наспроти енормната брзина на настаните, технологијата и воопшто животот, полжавчето е бавно, но впива и перцепира се, па токму затоа успева да ги осознае сите работи што го прават светот голем, шарен и поинаков.

„Полжавче“ им се обраќа на наставниците, на координаторите на училишните градини, на оние што веруваат во мисијата и во важноста на училишните активности на Слоу Фуд Македонија, на родителите и на сите на кои им е важна среќата на децата.
Полека, смирено, посветено и сконцентрирано, „Полжавче“ се креираше со многу љубов и посветност и во неговото создавање се вклучија низа стручњаци од различни области кои пишуваат на различни теми.
Освен од членството од конвивиумите на Слоу Фуд Македонија, поддршка пристигна и од пријателите од Италија, Романија, Африка, можност да се мисли глобално а делува, локално. Честитки и поддршка пристигна и од професионалци кои не се директно вклучени во Слоу Фуд, но бескрајно го поддржуваат списанието.
„Полжавче“ постои за иднината на овој свет-за децата.

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!