Спектакуларен старт на „Гастромак 2019“

Со големо, „бело дефиле“ на сите натпреварувачи и судии, присутни на овогодинешното, четврто издание на „Гастромак 2019“ и официјално започна натпреварот, најуспешен во Југоисточна Европа, што супериорно ја стави Македонија на светската гастрономска мапа.

Отварањето беше во знак на КУД „Охрид 2010-Охрид“ и етно оркестрот „Меџитлија“ а потоа на присутните им се обрати Претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, Претседателот на WACS за југоисточна Европа, Доменико Меги и Претседателот на судското жири, Стево Карапанџа.

Годинешното мото “Don`t worry be Ohrid”, во градот домаќин собра над 300 изведувачи од 30 земји, 95 судии што во наредните четири дена ќе се натпреваруваат во своите вештини, креации, брзина…

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени