Спектакуларните IL DIVO доаѓаат во Македонија!

„Прагма продукција“ со гордост ви го најавува музичкиот спектакл за 2022 година во Македонија: планетарно популарните IL Divo конечно се пред македонската публика. Концертот е закажан за 15 октомври 2022 година во „Арена Борис Трајковски“.
IL Divo е комерцијално најуспешната classical crossover група во меѓународната музичка историја, уште од нивното основање во 2003 година. Имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми, IL Divo се први изведувачи на класичен кросовер кои имаат деби албум на #1 на 200 топ листита на Billbord.
Вреди да се спомене е дека IL DIVO во 69 градови, 18 земји во светот имаат продадено повеќе од 2 милиони влезници и тоа за нивните први четири албуми.
А, дека овој музички спектакал ќе биде посебен, не само за македонската публика, туку и за самите членови, говори тоа што тој ќе биде во чест на Carlos Marin, еден од членовите кој за жал почина во декември минатата година.
По трагичната смрт на Carlos Marin, преостанатите членови на мултинационалната група, американецот David Miller, французинот Sebastien Izambard и швајцарецот Urs Buhler, ќе продолжат со својата турнеа во знак на почит на Marin.
Турнеата, претходно насловена како “For Once in my life” ќе продолжи како GREATEST HITS TOUR со специјален гостин, мексиканскиот американски баритон Steven LaBrie.
– Carlos беше личност повеќе од животот, со ретка комбинација на неверојатно убав, од Бога даден глас и апсолутно, огромен талент. Неговата страст, разиграност и смисла за хумор создадоа таква магична личност, а неговата смеа ги воздивнуваше сите. Тој беше сакан од милиони фанови ширум светот и ние имавме среќа и чест што можевме да настапуваме со него во нашата средина толку многу години. Длабоко ќе ни недостасуваат неговата разиграност, пријателство и брилијантен глас. Во негова чест, ќе ја основаме Фондацијата Carlos Marin и ќе му оддадеме почит на неговото пеење во нашите идни концерти. Нека сите го паметат по неговата прекрасна душа, неговиот неверојатен талент и нека почива засекогаш во мир” изјавија остантите членови на IL Divo во нивните соопштенија.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!