Срцето на Слоу фуд, „Тера Мадре“ ќе се случува од 22 до 26 септември во Торино

Торино во Италија, градот на индустријата и уметноста, годинава е центар на настаните што светот ги прати со големо внимание – во мај се одржува 66. издание на музичкиот спектакл „Евровизија“ а во септември ќе се случува импресивниот настан поврзан со храната: Тера Мадре Салон дел Густо (Terra Madre Salone del Gusto).
По паузата предизвикана со пандемијата, во Италија, татковината на Слоу фуд, во чии редови се вградени 160 земји, ќе се пишува страницата поврзана со ново- стара тема: регенерација во сите нејзини форми.

Значи, од 22 до 26 септември, во регионот Пиемонт и Торино, настанот Тера Мадре, велат- срцето на движењето Слоу фуд, ќе ги собере производителите на храна од целиот свет: замислете ги миризбите, вкусовите, облиците и аромите на храната на нашата голема и шарена планета.
Слоу Фуд има добра идеја насочена кон енергијата на своето глобално движење: со повторно обединување на производителите и активистите од целиот свет да се дојде до целта, моментално најактуелна во светските рамки: дизајнирање на поинаква иднина за храната.
„Terra Madre Salone del Gusto 2022“ ќе изгради колективна визија за иднината на храната што ќе ги надмине политичките граници, а активностите и настаните ќе се лоцираат во паркот Дора, симболот на Торино, некогашната индустриска област далеку од центарот на градот, оплеменета и оживеана со бујна вегетација.

Најновото издание се спојува со претходно стекнатите искуства и знаења, но лајт мотивнот, како што спомнавме е регенерацијата.
Едноставно кажано, се може одново да се роди и да никне: сиромашната почва да се регенерира, дрвјата да ги обноват своите стебла, да се активираат и обноват еко-системите и напуштените планински области … Традиционалното пренесување на техники, комбинирано со новите знаења се одговори кои ќе ги приближат градовите до производителите на храна а сето тоа ќе може да се проследи и преку интернетот.
Фото:Slow Food

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!