Потребно е: половина килограм пченкарно брашно, 300 грама сирење, урда или кајмак, квасец, вода, свинска маст, прашок за печиво.
Во млака вода се става квасец со малку брашно и шеќер, што треба да отстои 10 минути. Смесата се додава во брашното, прашок за печиво, малку сол и млака вода, по потреба. Тестото се меша со лажица, и не треба да биде погусто од смеса за палачинки. Потоа, се става во подмачкана тепсија и се пече околу половина час, на 200 степени.
Пројата е скоро готова, но сега е најважниот дел- треба малку да се излади, а за тоа време се греат две лажици свинска маст, и горната кора се гребе со вилушка и пројата се прелива со маст. Над тоа се става гмечено сирење и постапката се повторува. Се служи топло.