Секоја сабота во 22:30ч. на ТВ24 ќе се имитува ”House of style” со Сани и Стејси. Станува збор за колажна емисија посветена на модата и животниот стил. Со намера да го пополни вакумскиот простор на отсуство на ваквата тематика, во десетина рубрики, кои ќе се обликуваат различно и согласно актуелностите ќе бидат опфатени сите сегменти на модата и животниот стил (од најновите вести , преку актуелни теми до практични совети за стилот ) каде што реципиентите пред екраните ќе се анимираат на еден забавен, информативен и едукативен начин и ќе се забавуваат низ интересните модни приказни на нашите и светските модни дизајнери, критичари, инфлуенсесри итн.
Низ разговорите во отвореното студио со познатите гости од светот на модата, музиката и јавниот живот ќе се откриваат модните совети и критики на релевантните стручни лица, но ќе се опфатат и теми од секојдневното урбано живеење во градот.
Зад овој проект стои модната новинарка Снежана Богдановска-Сани, со партнерска поткрепа од долгогодишната соработничка и ќерка Анастасија Богдановска-Стејси, која десетина години наназад ја следи Миланската модна недела од првите редови.
Двете водителки , секоја специфична и оригинална на свој начин, ќе ја обликуваат 45 минутната приказна со коментари, совети и критики, ќе информираат за најновите трендови, ќе ги промовираат модниот речник и модните лица, ќе го промовираат модниот едиторијален трик преку трансформација на изгледот на ликот на секојдневните луѓе (пред и потоа), и ќе информираат за новите модни збиднувања кај нас и во светот. Не пропуштајте!
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени