Стефан Марковски застапен во поетската антологија „Хибискус“ во Индија

Стихови од македонскиот книжевник Стефан Марковски беа застапени во меѓународната поетска антологија Hibiscus: Poems that Heal and Empower, објавена во Калкута, Индија.
Стиховите насловени „Вселените што дишат радост“ (анг. The Joy-Breathing Universes), дел од стихозбирката „Сиво сјаат вселените“, се вклучени во антологијата по покана на познатиот индиски поет, Кирити Сенгупта, главен и одговорен уредник.
Препевот на англиски е дело на авторот.
Темата на антологијата е втемелена на одговорот на прашањето – дали и до која мера може да се определи исцелителната моќ на поетската реч во услови на глобална здравствена и духовна криза?
Во антологијата се вклучени песни од 103 поети од целиот свет, а покрај Сенгупта, во нејзиното уредување учествуваа уредници од САД и Индија.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!