Талентираниот Пајак е новиот ексклузивец на Урбан Рекордс

Христијан Настески (Пајак), е талентирано деветнаесет годишно момче од Охрид, студент по информатика.
„Пајак“ кој со „Hell Boy“ и „Mama“ се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, за само два месеци достигна над милион прегледи на Јутуб со хитот Hell Boy.
Тој е карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, и сега, заедно со Урбан Рекордс работат на нови проекти кои ќе ги слушнеме наскоро.
Инаку, Пајак со музиката започнал да се занимава од шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок- музиката.
– Додека татко ми свиреше на гитара јас постојано се „плеткав“ околу него и освен тоа што научив да свирам гитара, го открив и талентот за компонирање и пишување текстови. Најмногу инспирација добивам од други артисти, љубител сум и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака- вели Пајак.
Музиката и текстот за „Darkside“ се на Пајак, битот на Josh Petruicco x Brin, микс и мастеринг на Mecka warrior/Iwayo.
Видео записот е снимен во напуштена фабрика, за целосна реализација на истиот се погрижи Борче Димоски и неговиот тим од „Digital Box“.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!