Татјана Стојановска: Одморите што се паметат

Летото секогаш асоцира на патување, одмор, безгрижност, сини утра и убави звуци на природата… Годинава е се поинаку, и додека привикнуваме на „новата нормалност“ можеме да патуваме и со мисли, потребно е само да џбурнеме меѓу спомените, и да- можеме да се сеќаваме.
Во тој контекст, еве што издвојува Тања Стојановска.
„Со оглед на состојбата со светската пандемија и со промените и ограничувањата што доаѓаат со неа, вклучувајќи ги и ограничувањата за патувања, ни остануваат спомените и сеќавањата на сите места поблиски и подалечни што сме ги посетиле. Кога правам ретроспектива на сите посетени места, и кога се обидувам да ги рангирам според тоа колку ми се допаднале, би можела да ги издвојам, како најубави места- Малдиви, на кои бев во 2015 година, и Нов Зеланд, поточно градот Оукланд што го посетив годинава во февруари.


Малдивите се специфични по многу нешта. Природа која е уникатна, чувството дека ти си само една мала точка на Планетата Земја, може да се почувствува само таму. Секаде околу тебе океан, полн со најразновидни и за мене дотогаш невиден животински свет, кој помалку и те плаши поради непознатото, но и те импресионира во истовреме.

Свод на небото кое ти дава чувство дека си во топка, поради тоа што си на Екваторот, опкружен со облаци кои дење добиваат розова боја пред зајдисонце и фасцинантниот ѕвезден свод навечер. Одмор кој ќе го паметам цел живот.
Нов Зеланд ме импресионира исто така поради природата но и поради односот на луѓето кон неа. Филозофијата на животот дека ние не ја поседуваме природата и дека сме дел од неа, е стил на животот во оваа земја и ме фасцинира.


Плажите кои се преубави се сосема природни и неузурпирани од човекот. Нема лежалки, инфраструктура и се што не е природно. Нема ни канти за смет, но нема никаде фрлен смет. Секој ужива во природата, ја почитува и чува, затоа што е дел од неа.

Висока свест и култура на луѓето кои се дојдени од цел свет и со секакви навики, но тука сите се горди на природата и ја почитуваат филозофијата на домородното население- Маорите.
Ова се моите две топ- дестинации, каде природата и нејзината фасцинантност се главни карактеристики, што е и моја животна филозофија.
7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!