Тајната на долговечноста на Кирк Даглас (1916-2020)

Актерската, филмската легенда Кирк Даглас почина на 103 години, и стана, не само актерска туку и легенда која ги надмина вообичаените границите поврзани со живеење, годините и староста.

Навистина, како Кирк Даглас доживеа толку длабока старост?
Додека беше жив, актерот постојано истакнуваше дека своите сто години и ги должи на својата сопруга Бајден Даглас, која му помогнала да „стане“ по сите паѓања, и да му е подршка во лошите денови, особено кога од предозираноста почина еден од синовите.
„Сигурен сум дека бракот е добар за здравјето, и за долговечноста на мажите- велеше Кирк.
Но, тој беше и физички активен, а постојат статистики кои белжат дека неделно согорувал 1 500 калории. Неговото мени беше базирано врз зеленчукот, риба и овошје, а се раскажува дека актерот имал правило да престане да јаде кога е 80 % најаден.
Потоа, Кирк одбегнувал афери а три четвртини од ненадејните умирања вклучуваат луѓе што имале афери а најголем ризик е поврзан за постари мажи кои имале љубовни врски со помлади љубовници.


Задоволството од работа е еден од предусловите за долг живот а добитниците на „Оскар“ живеат 3,9 години подолго од другите актери, поради тоа што имаат зголемено чувство на вредност и самодоверба. За време на активната кариера Кирк не го добил ова престижно признание, но почесен Оскар му стигна во 80-тата година, и оваа статуетка, навистина му го продолжи животот.


Кирк секогаш имал милениче а една од првите студии во оваа област, што беше објавена во „Паблик хелт рипортс“ во 1980 година, вели дека процентот на преживување кај лица што доживеале срцев и мозочен удар, а кои имале домашно милениче е за 28 проценти повисок отколку кај оние пациенти што биле сами. Кирк имал мозочен удар во 1996 година, но и две кучиња, придружници, со години.

7дена.мк
фото насловна- Instagram: michaeldouglas.fan

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!