РАДИО БУБА МАРА го обзнани слоганот за престојното 23-то издание и тоа гласи:
Нема правда, има Бубамара!
Во пресрет на нашата најпопуларна манифестација, од штабот на Златна Бубамара порачуваат:
Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари!
Нема правда, има Бубамара!
Имаме милионипол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди.
Нашиот бројчаник врти напред, а кај некои други- одпозади.
Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК!
Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво…
Рочиштето е закажано во четврток 27. Февруари во Арена Борис Трајковски
Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела, преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација- наскоро.
Како и секоја година интересот за билети е преголем и, како и секоја година очекуваме билетите да се продадат за само 45 минути.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени