Омилениот градски лик, го нарекуваат и цар на ноќните свирки- Жаре Бербер, повторно е во фокусот. Иако е неуморен во забавите низ земјава, овојпат има вистинска музичка посластица за цела Македонија.
Станува збор за песната „Циганко мала“, која веднаш доби видео- запис и веќе брои импресивна гледаност на каналот youtube.
„Песната е приказна во која се опишува сцена од наша свирка- ни раскажа Жаре. „Со бендот сме во кафеана каде не служи и забавува девојка, и тоа токму во моментот кога мене од добрата музика и уште подобро вино ме фаќа носталгија по непрежалена љубов…Така, се отвара душата а со неа и куферот, и „летнува“ целата заштеда, се до последен денар… Идејата за спотот е моја, ја реализирав вложувајќи многу енергија и сè што е потребно за високо квалитетен спот. Со дечките од бендот одлучивме дека отсега сите видеа ќе ги работиме во нашата продукција, бидејќи заклучивме дека човек може сè да направи- кога ќе вложи многу љубов и енергија.“
Жаре ни откри дека парите не се оригинални примероци, туку „ископирани за потребата, со назнака- дека се примерок за снимање, и по снимањето се соодветно уништени.“
Авторот на „Циганко мала“ е Горан Јовановиќ –Топче, аранжманот е на Боби Василевски, гитаристот од групата Нон стоп, а убавите девојки од спотот, како што ни откри Жаре, постојано одат на нивните свирки.
Не му ја мислете- по хитот „Понекад“, време е за „Циганко мала“, затоа што љубовта го движи светот, а богами, ќе ве придвижи и вас.
„Циганко мала“ гарант ќе ве инспирира да станете боем, ама заштедата „понекад“ немора да ја носите во кафеана.
Коментарите се затворени