28.8 C
Skopje
понеделник, јуни 16, 2025
spot_img

Тања Турунџиева: Лоши коминации на храна

Комбинирањето на храна е магичната формула за нашето здравје. Со правилно комбинирање не го оптоваруваме организмот и метаболизмот туку овозможуваме да се апсорбираат сите потребни хранливи состојки, без да чуствуваме товар. За лоша комбинација на храна се смета консумирање протеини и јаглеродни хидрати. Пример, месо и компир, риба и ориз, леб со салама… Во еден ден можат да се јадат и јаглеродни хидрати и протеини, меѓутоа треба да поминат 6 часа од еден до друг оброк. На тој начин нема да создадеме тегоба при варењето на храната ниту, пак, да го оптовариме нашиот метаболизам. На секој од нас му требаат и јаглеродни хидрати и протеин. Значи, урамнотежена исхрана, но да не се заборави дека со секој оброк задолжително оди свежа салата. Од правилна комбинација на храна може да имаме подобрување на здравствената состојба.


Инаку, нашата македонска кујна изобилува со прекрасни јадења, кои ако правилно се искомбинирани, можат добро да се рефлектираат врз нашиот метаболизам. Секое семејство треба да си има свое мени, кое неделно ќе се менува и секоја неделно треба да внесува што поразновидна храна адаптирана на поднебјето каде што живее. Во текот на една недела нашите оброци треба да се содржат риба, грав, грашок, боранија, зелка…. Сето тоа треба да биде придружено со свежа сезонска салата. Јадењето треба да биде приготвено како вариво, без храната да е пржена и без многу додатоци.
Ручекот треба да биде испланиран според нашиот дневен биоритам. Треба да консумираме онолку храна колку што дневно имаме потреба. Не треба да се врзуваме за времето и за количеството храна. И уште нешто што е многу важно – никогаш не треба да се консумира овошје попладне, па дури ни како десерт. Од ваквото овошје никогаш нема да ги искористиме неговите благодети. Тоа едноставно ќе „скапе“ во нашиот желудник.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена