Тибетански хороскоп – ги открива минатите животи и карактерот

 

Монах во друштво на мајмун (Овен)

Отворена, весела личност, која лесно ги освојува срцата на луѓето. Речиси ништо не може да им го расипе расположението, внимателни се кон останатите, како и кон нивните потреби и желби. Но, од време на време сакаат да спорат и дебатираат, тоа е храна за нивната душа. Во минатите животи биле гатачи, јасновидци, комичари, патувачки трговци или владетели на мали заедници.

Среќни броеви 11, 23, 35.

Силно сонце (Бик)

Вие сте човек кој делува многу точно и решително во напнати ситуации. На вас може сериозно да се смета а хуморот ви е магнетски привлечен за многумина. Најголемиот страв е ограничувањето на слободата.Во минатите животи сте биле верски лидер, ловец, советник, трговец со амајлии и учител.

Среќни броеви 12, 24, 36.

Млада месечина (Близнак)

Многу чувствителна и нежна природа која копнее по љубов и романтика. Можеби сте забележале како се менувате со доаѓањето на ноќта – станувате подинамични, посигурни, пострастни. Тоа воопшто не е лошо, особено за вашиот интимен партнер. Во минатите животи сте биле детектив, лекар, претседател на некаков таен сојуз, ловец, сопственик на таверна.

Среќни броеви 11, 23, 35.

Црн бивол (Рак)

Воопшто не сакате да ја сокривате вистината, и кога некој ќе почне да „ве врти“, бурно реагирате. За вас е важно работите да се кажат директно, точно и јасно. Љубите да доминирате – во врска, на работа, помеѓу пријателите. Чувствувате дека не сте создадени да следите, туку да водите. Во минатите животи сте биле политичар, јавна личност, сопственик на голем бизнис, диригент, судија.

Среќни броеви 10, 22, 34.

Кожна белегзија (Лав)

Ве привлекува се` што е мистично и непознато. Поврзувањата се ретки, но секогаш со вистински чувства. Не сакате агресија, но често ја користите за да се заштитите. Но, секогаш како одговор на нечии напади! Во минатите животи сте биле на работ на законот – трговци со оружје, копачи, сопственици на бордели, сте се занимавале со коцкање а потоа сте преминале во дипломатија.

Среќни броеви 9, 21, 33.

Рибник на желки (Девица)

Се обложувате на разумно и сигурно, размислувате внимателно и многу сте тврдоглави. Во врска почитувате нежност и многу сте претпазливи да го зачувате огнот. Во минатите животи сте биле градители, односно вашите професии секогаш биле поврзани со создавање на материјалното – ѕидари, ковачи, градежници…

Среќни броеви 8, 20, 32.

Метален гонг (Терезија)

Ако ве опишеме во три збора,тоа би биле – широкоградост, лојалност и благородништвото. Се гадите од прељуба и предавство и често се обвинувате себе си, дури и кога немате основа за тоа. Ретко, односно никако не знаете да се опуштите. Во минатите животи сте биле археолог, скулптор, чевлар, адвокат.

Среќни броеви 7, 19, 31.

Нефертити (Скорпија)

Незнаењето ве згрозува а насилството ве фрла во депресија. Вие сте личност која преферира самотија или сака да е во друштво на најблиски. Не верувате лесно, но кога ќе се вљубите, подготвени сте да го жртвувате животот за љубовта. Во минатите животи сте биле златар, дизајнер, џокеј, сте се занимавале со животни, но не поради храна, туку поради грижа.

Среќни броеви 6, 18, 30.

Извор на чиста вода (Стрелец)

Вие не знаете што е суровост, не поднесувате неправда. Ги почитувате чувствата на луѓето и никогаш не им се предавате без да стекнете доверба. Во врските сте многу посветени и грижливи. Во минатите животи сте биле пејач, музичар, свештеник, дипломат…

Среќни броеви 5, 17, 29.

Чувар на огнот (Јарец)

Поставувате високи цели и ако не ги постигнете, се чувствувате виновно.Имате многу пријатели но често се чувствувате сами. Вашата мисија е да носите светлина во овој мрачен свет, но не и да биде тактични.Малкумина ве запознаваат целосно, само затоа што сте премногу надарени. Во минатите животи сте биле лекар, билкар, готвач, научник.

Среќни броеви 4, 16, 28.

Кобра (Водолија)

Вие сте голем оратор, и најздодевната приказна ќе ја направите фасцинантна. Умеете да внесете емоции кај другите и ако правилно ја користите таа особина, ве чекаат успеси. Среќата во љубовта ве прати цел живот. Во минатите животи сте биле пират, трубадур, лихвар, гробар, монах.

Среќни броеви 1, 13, 25.

Невидлив воздушен змеј (Риби)

Вие сте секогаш различни и непредвидливи. Во еден момент сте змеј, во следен шарена пеперутка. Способни сте да се издигнете над големите проблеми и да гледате на живот на друг начин. Во исто време сте и супер духовити. Во минатите животи сте биле уметник, пратеник, поет, писател.

Среќни броеви 3, 15, 27.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени