16.8 C
Skopje
четврток, март 6, 2025
spot_img

Традиционален словенско- македонски појадок: Меден „зајтрк“ за здрава иднина

Во рамките на одбележувањето на 30. годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Словенија и Република Северна Македонија неодамна во ресторанот „Ореов лад“ се одржа традиционален словенечко – македонски појадок, организиран во соработка со Слоу Фуд Македонија.

Целта на настанот е подигање на свеста за важноста и предностите на локално произведена храна, домашните производи и преработените продукти, пчеларството, со што се потенцираше важноста на појадокот и здравата исхрана кај децата и возрасните како и вклучување на традиционалните словенечки и македонски продукти во образовните институции.

Како што рече Амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Предан, 18 ноември е дата што треба да се запамети.
„На овој ден сакаме да ги поканиме сите, без разлика во кој дел од светот се, да ни се придружат и да појадуваат или мед или производи што вклучуваат мед, за да можеме да ја одбележиме важноста на пчелите и другите опрашувачи за производство на храна. Станете поддржувач на иницијативата „меден појадок“! Со спроведување на оваа иницијатива, сакаме да ја истакнеме важноста од зачувување на биодиверзитетот, природата и животната средина и важноста на пчелите, кои се апсолутно неопходни за подобар, поздрав свет, истакна Предан.
Историчарите на добрата кујна знаат дека првиот оброк е прашање на добра навика а 58 % од светската популација истата ја немаат. Сепак, регионалната кујна и локалните вкусови сe гастрономски идентитет нa секоја земја.

Словенија се нарекува и „зелена дежела“ и е позната по својот појадок составен од органски мед, млеко од Алпите и висококвалитетен путер, а ние македонците утрото сакаме да го започнеме со нешто месено а вистинско уживање е и некоја голтка матеница. Во овој традиционален словенско- македонски појадок вкусивме се и многу работи ќе ни станат навика.

Во опуштена и пријатна атмосвера што се создаде за време на словенско-македонскиот појадок, покрај претставниците на дипломатскиот кор присуствуваше и сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.

В.Т.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена