Успех. Одличен пласман на нашите претставници од студиото Црнокрак во Анталија, Турција

Вчеравечер во Анталија, Турција се одржаа два избора: за Кралица на Евроазија и Најдобрите деца на Евроазија.
Нашите претставници во двете конкуренции направија голем успех освојувајќи две титули: Бисера Цуцулова ја освои титулата Трета придружничка, (трета кралица на Евроазија 2020), а малиот 9. годишен Садат Јакупи ја освои титулата Принц на Евроазија 2020.


Во двете конкуренции победија претставниците на Русија.
– Тие имаа одличен настап и заслужено ги освоија титулите- изјави Мики Црнокрак, чие Модно студио ја има лиценцата за Македонија за овие интернационални избори за убавина.


Нашите кандидати се претставија во модели кои специјално за оваа прилика ги изработи модната дизајнерка Лумние Локи.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!