Фоивос Деливоријас на Фестивал на грчки филм: Го гледав „Пред дождот“, но сакам да ги слушнам и вашите музичари

Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура на 25 октомври во МКЦ концерт ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапи со специјален репертоар со филмска музика од познати грчки филмови.
Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.
Кои се музичарите со кои ќе настапувате? Се знаете ли одамна и како се оствари соработката помеѓу вас?
Антонис Сусамоглу е врвен грчки виолинист, прва виолина во Државниот оркестар на Солун и карактеристичен аранжер и композитор. Соработувавме и во симфониски концерти и во саундтракот. Џорџ Кацанос е познат мулти-инструменталист во Грција, фигура налик на Том Вејтс. Тој е „onе-man“ бенд. Често ја делиме сцената, се нарекуваме себеси „Големиот бенд“! Нефели Фасули е инспиративен млад пејач, одличен уметнички партнер со кој соработуваме извесно време.

Како се чувствувате што сте дел од фестивалот на современиот грчки филм и култура, прв од ваков вид, институционално поддржан фестивал од вашата земја?
Многу сум трогнат. Мислам дека ние уметниците треба да бидеме пионери во насока на подобро да се запознаеме едни со други. Со нетрпение очекувам да ги запознам и кинематографијата и музиката на Северна Македонија.

Колку знаете за нашата музика? Дали сте гледале некој македонски филм?
Сум го гледал „Пред дождот“, но претпоставувам дека сите што не потекнуваат од вашата земја го знаат тој филм. Сакам да бидам информиран, навистина сум љубопитен да научам повеќе работи. Што се однесува до музиката, јас навистина не знам ништо освен вашиот фолклор и би сакал да ги слушам современите уметници.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени