17.4 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

Четири ѕида на Дани Димитровска

Дани конечно се враќа на своето. По албумот „Град за љубов“ со поп-џез призвук, една од највредните пејачки на нашата естрада се враќа на својот претпознатлив рок-стил и ви го претставува најновото музичко остварување од „купчето“ нумери кои допрва ќе ги слушнете.

Новата рок-тема носи наслов „Четири ѕида“ а како автори се потпишуваат брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов, кои се автори на речиси целиот музички опус на Дани.

„Четири Ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа – вели Дани.

За новата песна Дани сними и интересен видеоспот што го потишуваат филмското дуо Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев, а за потребите на ова видео темпераментната рокерка го промени својот изглед, па наместо кожни панталони и црни маички, Дани ја гледаме во едно скроз поинакво издание!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена