Чорба од цвекло
Потребно е: 300 г цвекло, 30 г путер, 200 мл млеко, 200 г кисела павлака, 5 г ким, 2 жолчки, 40 г брашно и малку сол.
Исчистено цвекло се налева со вода и млеко и се вари, а на тоа се додаваат неколку зрна ким. Кога ќе се свари, се одделуваат неколку исечкани парчиња, а другото се пасира и се враќа во супата во која се вареше. Потоа се посолува. Одделно се мешаат жолчките, брашното и павлаката, путерот и се додаваат во врелата чорба. Се вари уште 5 минути. Откако ќе се излади, се става во фрижидер, пред да се послужи.
Коментарите се затворени