Шеф Милка Атанасова: Чоко- шери

За подготовка на овој интересен и многу вкусен колач потребна е подготовка: за инсерт желе се вари јагода со шеќер и жалатин кој се става во модли и се замрзнува во шокер.


Потоа се приготвоват кори од растопено црно чоколадо, на пареа се растопува путерот и јајцата и на крај се додава брашно, пециво и смесата се става за печење.
Вториот чекор е мус од слатка павлака, млеко, чоколадо, шеќер и жолчки. Се пастелизираат- жолчки, шеќер, млеко и слатка павлака на 75 степени а потоа се додава желатин и растопено црно чоколадо.
Откако ќе се спрема сето тоа, се наполнуват калапите и се подготвуваат за глазура. Глазурата се состои од слатка павлака, вода, желатин, црно чоколадо и неутро гел. Сето тоа се растопува и внимателно се прелива чоко- шери. Се измазнува и обликува, и по желба се наросува со мелени ореви, бадеми и лешници.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!