Што читам: Живкица Каленикова
Ја завршив „12 животни правила“ од Џордан Б. Петерсон, како што вели: противотров за хаосот, и мислам дека е вистинско време за ова четиво. Обично малку со резерва гледам на книги од овој жанр, но писателот успева одлично да укаже дека повеќе од потребни ни се правилата, стандарди, вредности – поединечно и заедно, потребен ни РЕД. Топло ја препорачувам.
Инаку најактуелна во моментов ми е „Save the cat“, која одамна ја почнав, и е со тематика која е моја голема љубов – пишување сценарија, засега одлична, па којзнае можеби ќе ја разбуди Џ.К.Роулинг во мене.
Коментарите се затворени