14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Ѕвездена ноќ со ѕвездена музика на Влатко. На 5 август во Антички театар – Охрид: Влатко Стефановски Трио

Само замислете ноќ преполна со ѕвезди и натопена со музиката на Влатко Стефановски… Чувство што се врежува во меморијата, исто како што направија неговите стихови, песни што ги носиме како ордени закачени за срцето.
Запомнете, 5 август и дозволете си природен лифтинг на душата.

Инаку, информацијата може да оди и вака.
По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз.
На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ и младиот талентиран тапанар Јан Стефановски ќе одржат целовечерен концерт.
Покрај добро познатите композиции на Стефановски публиката ќе има ексклузивна можност да го слушне материјалот од најновиот албум „Тафталиџе Шафл“ кој Влатко го издаде минатата година.
Инаку албумот „Тафталиџе Шафл“, издаден за Кроација Рекордс на ЦД и винил, се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска.

– Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика и многу сум задоволен од резултатот. Се радувам дека повторно ќе се дружиме со македонската публика. Време е да се вратиме на старите задоволства и да уживаме! – вели Влатко Стефановски во пресрет на охридскиот концерт.
Концертот е во организација на Баги Комуникации и од таму најавуваат дека истиот ќе биде организиран според важечките протоколи за заштита од Ковид 19 и целосно безбеден за публиката.
Концертот е поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје.
Билетите се во ограничен број и може да се набават по цена од 1000 денари онлајн преку www.bileti.mk.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена