Јаготки во менито

Станува збор за најпопуларното овошје кое изобилува со витаминот Ц, калиумот и манганот, но јаготките се и особено добри и за нерви.
Постојат безбројни можностите јаготките да ги искористите во приготвување на интересни и вкусни слатки и токму затоа ви даваме неколку рецепти.

Крем од јаготки
Потребно е: (за 4 лица) 500 грама јаготки, 1 лимон, 250 грама крем-сирење, 4 лажици шеќер во прав, 2 чаши павлака, 4 лажици млеко и 2 лажици мараскино.
Павлаката ставете ја во замрзнувач а од јаготки одвоите половина а преостанатите исечкајте ги. Кората од лимонот исечете ја на коцкички, а со сокот од лимонот наросете ги јаготките. Ставате шеќер и измешајте. Крем-сирењето измешајте го со млекото и мараскино, ставете ја павлаката и јаготките. Сервирајте во стаклени чаши и украсете со преостанатите јаготки.

Торта со јаготки
Потребно е: 6 јајца, 150 грама шеќер, 150 грама брашно, 150 грама гриз, 2 лимона, 500 грама шеќер, сок од 1 лимон, шеќер во прав и 600 грама јаготки.
Со миксер мешајте ги јајцата и шеќерот 5 минути, ставете коричка од лимон и сок од двата лимона. Додајте го брашното и гризот и ставете го во калапот. Печете половина час, а во меѓувреме правете го сирупот. Процедурата е следна: варете 500 грама шеќер 15 минути во еден литар вода и исцедете лимон. Испеченото тесто попрскајте го со сирупот с` додека не впие. Одозгора украсете ја тортата со цели јаготки. За филот измиксирајте ги јаготките со шеќер кој ќе го сервирате со парчињата торта.

Тирамису со јаготки
Потребно е: 500 грама јаготки, 6 жолчки, 300 грама шеќер, 300 грама брашно, 2 децилитри бело вино, 500 грама хопла, 12 големи кекси, мараскино и шеќер во прав.
Измиксирајте ги жолчките, шеќерот и виното и мешајте на пареа се` додека не се згусне и додека не добиете мазна смеса. Додајте хопла. Во меѓувреме, облагородете ја смесата со исечкани јаготки, а дното на садот прекријте го со бисквити. Потоа ставете го филот и процедурата повторете ја неколку пати. Пред служење одозгора ставете ги јаготките.

Фото-Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени