20.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

„Јуниорски Евросонг“. Денес да гласаме за Мила Москов на сајтот junioreurovision.tv.

На „Јуниорски Евросонг“ што ќе се случува задутре- недела, 24. ноември во Гливице, Полска, боите на нашата земја ќе ги брани Мила Москов од Прилеп. Мила ќе ја изведе песната „Fire“ на Магдалена и Лазар Цветкоска. Државниот сервис МРТ во недела (16ч) ќе има директен пренос од Гливице.


Инаку, Мила е родена за музика-со 11 години влегува во потесен избор на млади таленти, секогаш е во првите „борбени“ редови, посетува приватното музичко училиште „Матрикс“ во нејзиниот град, каде работи со професорот по соло пеење Денис Димоски.
Интересно е што и Денис Димоски учествуваше на Детски Евросонг во 2005-та година. Мила учествува и на „Мелфест“ и на многуте музички настани и секогаш е забележана.
Песната „Fire“ веќе собра многу приврзаници, но за подобар пласман потребно е сите да дадеме подршка. Имено, започнува онлајн гласањето, денес се одлучува кој ќе биде победникот на годинешниот „Јуниорски Евросонг“.
Да гласаме за Мила Москов на сајтот junioreurovision.tv. и да и посакаме одличен настап во недела!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена