Љупчо Бубе Петрушевски: Волшебен перформанс на подмладокот на „Бубе Студио Ин“ во Прилеп

Шоуто, фризерскиот перформанс во Прилеп, беше многу интересен и несекојдневен, зрачеше со адерналин а изобилуваше од многу бои и костуми.
– Веќе втора година во градот Прилеп се одржува манифестацијата „Special show Prilep 2018“, но годинава ние од „Бубе студио ин“ добивме официјална покана како специални гости. И како дел од градската приказна, земавме учество во темата „movie night“ одлучувајќи се за исечок од „Брилјантин“ и кабаретското шоу „Мулен руж“. Инспирација плус беа убавите девојки, колорит, многу накит и фризури со разни уметоци и украси, музика што беше вистински празник за очи и душа.

Кој се учествуваше на настанот и колку овој тип на презентации внесува нова енергија во фризерајот?
– Учество го имаше подмадокот на „Бубе студио ин“, се разбира под моето менстворство, и морам да кажам, независно од тоа што целиот перформанс измами воздишки кај веќе докажани фризери и јас бев особено горд.
Евидентно е дека овој настан на некој начин внесе многу енергија кај идните а и сегашните фризери а свеста ќе се крене на многу повисоко ниво, како што и реално заслужува оваа професија.
Тука пред се мислам и на поттик на младите кои сеуште не се одлучиле што ќе бидат во животот : тие ќе сватат колку оваа професија нуди, колку разбудува и креира.

Бидејќи „Special show Prilep 2018“ беше поврзан со подмладокот: колку си задоволен од новите сили на „Бубе ин“?
– Навистина сум изненаден од мојот подмладок во позитивна смисла, колку сака да учи и напредува и тие покажаа извонреден резултат, рамо до рамо со многу фризери. Можам само да кажам : напред дечки, успеав да остварам цел, освен фризери да станете и прекрасни личности.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени