Ќофтиња од риба
Потребно е:
500 г риба без коски
100 г леб
250 мл млеко
кромид
50 г путер
3 јајца
сечкан магдонос
сол, црн пипер
3 лажици маслиново масло
8 чешниња истолчен лук
јаболкова киселина
сок од лимон
сенф
кечап
Оставете го лебот во млекото да се натопи. Исечкајте ја главицата кромид и пропржете на путер. Исцедете го лебот и додадете ја исечканата риба, јајцата, кромидот и мирудиите. Сето тоа изгмечете го и направете мали ќофтенца. Пржете ги на масло.
Доколку сакате прилог, измешајте го лукот со киселината, сокот од лимон, сенфот и кечапот и додадете малку сол и црн пипер.
Коментарите се затворени