Џамбазов и Илина Арсова: Љубов на повидок?

Техничкиот дел на оваа слатка, скокотлива „работа“ што Купидон ја смести во Дојран, оди отприлика вака.
Првин Игор Џамбазов објави неколку заеднички фотографии на Инстаграм а „во кадро“, тој и Илина Арсова.
Убаво си стојат еден на друг, да ти е мерак да ги гледаш. Познатата планинарка зрачи и со сила и со нежност а тој е видливо среќен. Се намирисува среќата оддалеку.
Па и без Ајнштајн знаеме дека гравитацијата не е виновна затоа што луѓето се вљубуваат. Муабетот ми беше- годините не штитат од љубов, ама љубов штити од стареење.

Колку и да се опирал на љубовта, Џамбазов (неофицијално миленикот на нацијата а можеби најмногу на жените), по се изгледа потпишал капитулација под шармот и автентичноста на убавата уметница.
Блиските на Игор од него имаат абер дека со Илина „само се дружат.“
Ама, што е тоа важно?
Дојде пролет, се е расцутено, надежно а ние сме живи. Плус, во црните ноќи е подобро да се слушнат неколку љубовни зборови отколку аплаузи од иљадници луѓе, особено сега во времето на корона.
Навивам за љубовта и за ова нивното, како и да се вика.

Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!