Chef Весна Тодоровска- Алачковска: Круна од свинско филе
За круна во свинско филе со Ро-баир сосот ви се потребни следните состојки: 1 парче маринирано свински филе, 1 лажица мед, 1 лажица Дижон сенф со зрна, 2 лажици соја- сос, малку лук, мајчина душичка, сол, бибер.
Ова треба да отстои најмалку еден час.
Месото се дели напола и се обликува како круна, кратко се запржува на путер од двете страни, на средината се става јаболко и така се пече.
Во меѓувреме се прави Ро-баир сосот.
На путерот се запржува кромид, се додава белото вино и сенфот, а потоа и сол по вкус.
На подлога тркало се става пекарски компир, во средината 1/3 од печеното јаболко и сосот.
Прекрасна комбинација на свинско и јаболко.
Коментарите се затворени