Пилешки џигер во бело вино и сок од портокал
Потребно е: 500 г пилешки џигер, масло, путер, 2 чешниња лук, рендана кора од портокал, сок од портокал, бело вино, ѓумбир, сол и црн пипер.
Во поголем сад загрејте ги маслото и путерот, додајте го истолчениот лук и динстувајте на тивок оган.
Додајте го исечканиот џигер и динствувајте уште малку. Добро измешајте, додајте го сокот и кората од портокал, виното, црн пипер, сол и ѓумбир.
Поклопете и оставете да динстува уште 10 минути. Послужете со паста или со варен ориз.
Коментарите се затворени