Во среда, почитувајќи ги сите еснафски па и космички правила бидејќи е- среќен ден, се случува многу интересен настан, вистински музички деликатес, од идеја до реализација. Кога им се препознаа душите, Сузе и Атиџе и запеаја! Токму во чест на музиката, добрината и убавините, Атиџе Муратова и Сузе Турунџиева прават промоција на албум, насловен по топлата, домаќинската мисла на Атиџе, која може светот да го направи поубав. Навистина. Станува збор за албумот „ПОЛА ТЕБЕ ПОЛА МЕНЕ“ а Сузе вели:
– Позади нас оставаме многу изминати километри на релација Скопје – Дорфулија- Штип… Пробите најчесто ни беа во движење, трудејќи се максимално да го искористиме времето… Покрај големиот ентузијазам и желба да создаваме убави нешта имаше и стресни ситуации, но се трудевме да се забавуваме. Патем, наидувавме и на потешкотии, недостиг на средства, време, логистика и наспроти сите ограничувања и пречки кои реално ги имавме, не се откажавме од идејата да и помогнеме на Атиџе да има подостоинствен живот и музиката да и биде еден нов начин на финансиска поддршка која неа и е премногу потребна.
Продуцентот Роберто Кентаур Поп Димитров ни ги отвори ширум вратите на неговото студио и на брилијантен начин, со огромна посветеност, студиозност и трпение го изваде најдоброто од Атиџе и од мене.
Маестро – бескрајно сум ти благодарна затоа што остана доследен на зборот и затоа што заеднички ја направивме среќна Атиџе. Огнен Неделковски и тебе сме ти неизмерно благодарни за прекрасните 2 текста кои ни ги подари.
Сега се на ред фановите на Атиџе и сите хумани луѓе кои на било кој начин сакаат да и помогнат. Продажната цена на албумот е 500 денари, а сите средства од продажбата на албумот ќе бидат донирани на Атиџе.
Повелете на промоција во среда во прекрасниот амбиент на MiCasa на скопското Кале во 19ч. Ексклузивни гости ќе бидат Micasa band.
Коментарите се затворени