Атеље Алекстра: Со „ДИВА“, убави и заводливи и на плажа
Како и секое лето, Атеље Алекстра, предвесник на модните трендови и стилови кај нас, има нова колекција и сега ви ја претставуваме ,,ДИВА“, со која сигурно ќе бидете забележани.
Станува збор за модни додатоци- шапки, папучи, наметки, ташни и секако- накит. Во оваа колекција се застапени морските елементи -природни школки, бисери со седеф, тродимензионални цветови, рустични и детали со тантела, циркони, кристали…
Наметка во бела боја за софистицираност и грациозност, со ѓердан од полускапоцени камења со сребрен алпака детал.
Комплет со пастелни тонови, составен од наметка, шапка и преслатки летни папучи.
Корално црвен комплет од ташна и папучи, елегантно, уникатно и достапно за вас.
Морски бои преточени во ѓердан со сребрен алпака детал. Вашето деколте ќе изгледа уште позанесно.
Моќниот ахат во сина боја со детаљ од маркизети. За долгите морски ноќи.
Вечната црно бела класика надополнета со природни школки, „3 д“ цветови, папучи, ташна и шапка.
Крем, златно, црна комбинација за вистинско морско доживување со стил.
Коментарите се затворени