4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Барбара со нова песна: „Не сум грешница“, химна за сите нежни жени

 

Новата песна на харизматичната Барбара носи наслов „Не сум грешница“, што ја напиша Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show а е снимена е во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент на песната. Овој проект е правен со многу љубов, посветеност и во него учествуваше и инструменталистот Рикардо Хуна (кларинет) а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ.
– До соработката со Тони дојде сосема случајно, ми рече дека има песна за мене а кога ја слушнав првата строфа – Дали можам среќна да сум јас, душа боли немам глас, бара љубов, бара спас..,“ реков, стоп, тоа е тоа. Тоа сум јас и мојот живот испеан во една песна- раскажува оваа шармантна пејачка.
За видео записот се погрижи продукцијата на авторот Tony Show mk music кој и го режираше спотот. Видео записот е работен на неколку локации во Скопје, во две цркви на Скопска црна гора : Свети Илија и Света Троица, како и козметичкиот салон Хера и кафулето Greenet. Песната понатаму ќе биде промовирана и во Србија и за тој пазар е направен аудио и видео запис на српски јазик.


Да потсетиме, после Златно славејче, Барбара беше член на Младинскиот хор при Домот на младите под диригенската палка на Запро Запров, заедно со Калиопи и Сузана Спасовска. Беше членка на КУД „Орце Николов“, период исполнет со многубројни турнеи во Европа и подалеку…Потоа почнува соло кариера, од 1986 до 1988 година настапува во повеќе европски земји, а последната турнеја и беше во Швајцарија, каде и ден денес живее.
– Во 1996 година се остварив како мајка, мојот син Дино, огромната љубов и посветеност кон него беа прична да направам пауза со пеење. Поминаа години, тој растеше….После долга пауза ама и со многу радост се вратив на македонската естрада, настапував на многу фестивали- Охрид фест, Филиграни, Роса, Еурофестивал, Пирин Фолк, Гоце фест…Во периодот 2017 и 2018 година се натпреварував во шоуто „Никад није касно“ во Белград и успешно дојдов до полуфиналето, и бев презадоволна со успехот.“
Во меѓувреме се случија уште неколку фестивали, и песната е таа што на Барбара и црта ѕвезди во очите.
– Токму затоа, многу се радувам на новата песна, дојде во вистинско време, продолжува Барбара…Секое доаѓање во Македонија ме прави многу среќна а посебно дружбата со пријателите и драгите колеги. Со нетрпение ја очекувам промоцијата во Новата 2024-та година, во понеделник, 8 јануари, (19 ч) во кафе барот Greenet.“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена