Брокула со лук
Потребно е : една поголема брокула, 400 г кромид, 5 чешниња лук, 50 мл масло,1 лажичка ѓумбир во прав, 2 лажици брашно, малку сол, вода и 1 лажица мирудии.
Исчистете ја, измијте ја и исечкајте ја брокулата на мали парчиња. Бланширајте ја во солена вода во која сте додале 2 лажици масло, а потоа исцедете ја.
Во тава со дебело дно загрејте го преостанатото масло, додајте го кромидот, потоа брокулата, ставете мирудии и кратко пржете.
Измешајте ги водата, скробното брашно и ѓумбирот и додајте ги на брокулата. Варете кратко и додајте го исечканиот лук, а по потреба и вода.
Коментарите се затворени