2.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Весна бејби на 19 мај во Охрид со „Влези, не се соблакај“

Весна Бејби Петрушевска на 19. мај доаѓа во Охрид со својата популарна
стендап-претстава „Влези не се соблакај“. Во „Дом на културата“ со почеток од 20 часот актерката ги кани охриѓани на смеење до соли и уживање во петок навечер. – Петок е вистински ден за излегување и ве чекам на претстава заедно да уживаме, – вели Весна.
Најбараната стендап-претстава „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна бејби, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар. Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена