ОВЕН
Не трошете го викендов на прашања од типот- зошто се случуваат војни во светот, зошто владее глад и сиромаштија… Ако немате попаметна работа, облечете ги патиките и скокнете до паркот. Пуштете го мозокот „на пасење“ и наполнете ги батериите.
БИК
Најсреќни би биле кога би можеле да научите нешто ново, да работите интересни работи и да патувате околу светот. Супер, само не заборавајте дека постојат и оние здодевни, секојдневни обврски кои мора да се завршат. Никој нема да го направи тоа наместо вас.
БЛИЗНАЦИ
Иако сеуште не е најдобро време за трошење на пари, дозволете си еден мал шопинг овој викенд. Проверете ги продавниците и најдете нешто убаво. Не почнувајте со големо купување, туку земете нешто што привремено ќе ве „залаже“.
РАК
Бистри сте, денеска вашиот мозок совршено ќе работи. Искористете го тоа и посветете се на она што е навистина корисно и што може да ви дојде добро во иднина. Така ќе ви остане доволно енергија за да си поминете луда и незаборавна вечер. Па и онака е викенд!
ЛАВ
Интересен викенд, во кој би можеле да ви се случат разни работи. Ќе размислувате за една понуда која неодамна ја добивте и најверојатно ќе ја прифатите. Ќе го минете времето во спознавањето на себеси и на партнерот, кој ќе прави романтични работи за вас.
ДЕВИЦА
И така животот ви се менува во секоја секунда, а единствената константна работа е емотивниот живот. Ѕвездите навестуваат дека деновиве ќе ја најдете својата сродна душа, а ако сте веќе во врска, ќе се вљубите повторно во својот партнер!
ТЕРЕЗИЈА
Баш сакате да глумите жртва, нели? Ако му ја понудите својата помош на некој ваш пријател, сметајте дека тој не е тактичен како вас, па наместо еден прст, ќе ви ја зграпчи целата рака (а можеби и повеќе)! Ако тоа навистина го сакате- направете го.
СКОРПИЈА
Иако околностите велеа дека ситуацијата ќе се поправи, ќе бидете разочарани. И на професионален, и на приватен план. Но, со оглед на тоа што во секоја несреќа постои и среќа, ќе се појави некоја личност која ќе го разубави вашиот љубовен живот.
СТРЕЛЕЦ
Доколку сакате да имате финансиска сигурност, мора да научите како да ја остварите. Дали се работи за штедење, кредит или нешто сосема трето- ваше е да одлучите. И додека го правите тоа, гледајте напред, во иднината, зашто така може да ви дојде некоја добра идеја.
ЈАРЕЦ
Најидеално би било кога би можеле да се одвоите малку од средината и да заминете на пат, секако, доколку имате можност да го сторите тоа. Ако сте ограничени, бидете итри и префрлете ги обврските на некој друг. Не дозволувајте да ви ги откријат намерите.
ВОДОЛИЈА
Иако е викенд вие ќе се занимавате со работни обврски. Понуда за работен викенд би требало да стигне денес, претпоставен ќе ве викне на деловен состанок и ќе ви предложи нешто што не очекувате. Не паничите, зашто ги имате сите одговори.
РИБИ
После голема мешаница работите како да стивнуваат. И додека другите уживаат во тоа што полека се враќаат во својата рутина, вие ќе се нервирате. Не бидете наивни- искористете го викендов во забава и полнење на батериите.
Коментарите се затворени