2.8 C
Skopje
сабота, февруари 1, 2025
spot_img

Винарски муабети од Болоња – Нашиот адут се македонските автохтони сорти

Минатата недела на „Slow Wine Fair 2023“ на саемска, винска сцена во Болоња- Италија, македонските вина беа во друштво со 750 винарии со 4000 етикети и над 300 сертифицирани органски винарии од 21 земја.
Слоу Фуд Македонија презентираше дванаесет семејни винарии : „Наумчеви“, „Мал Св. Климент“,„Клинчаров“, „Цветановиќ“, „Ерос“, „Изворно“, „Јостела“,„Арабеска“,„Сарика „Иванов“,„Максимилијан“ и „Подрум Параџик“ кои имаа можност за интеракција со гостите, промоција на виното а тамошните искуства велат дека најголемиот адут ни се автохтоните видови на винова лоза.
Еве што велат винарите.


Винарија Наумчеви
Ѓорѓи Наумчев:
Во Болоња се сретнавме со едуцирана публика која ги поставува вистинските прашања и која имаше голем интерес да ги вкуси македонските вина. Ова ми е втор пат да сум на саемот, но за разлика од минатата година коментарите се многу подобри, пријатно сум изненаден од италијанската публика, веќе знаат за нас, доаѓаат по препорака. По дегустациите на вината слушнав интересни забелешки, нашите вина се поинакви од нивните, кај нас има многу сонце и земјата е плодна. Македонската сорта Станушина беше најголемо изненадување, за Темјаниката доаѓаа да ја препробуваат по препорака, им се допадна Каберне Франк, полно моќно вино со 15 посто алкохолни единици. Слушнав многу комплименти за моите вина.
Што се однесува до организацијата, воодушевен сум од неа, на мојот и на уште некои штадови вината ги презентираа италијанските вински познавачи. Нескромно кажано, мали количини вино правени со многу љубов дадоа одлични резултати.

Винарија Клинчаров
Александар Клинчаров
, потпреседател на Тиквешки семејни винарии
Чест ми е и задоволство што имав прилика во Болоња да се претставам со моите вина. Не е мала работа да се најдеш во друштво од над 700 винарии, 4000 видови вино… Голем дел од публиката ги дегустираа вината на винаријата Клинчаров- Темјаника- Ултима, Мома Ресавка Станушина и Каберне Совињон.
На саемот забележав доста стручна публика кои по дегустацијата ја имаа вистинската слика и прилика за нашите вина, слушнавме многу позитивни коментари. Имаме отворен пат за вински туризам, добивме покани за учество на вински манифестации во Италија. За жал моментално семејните винарии немаат можност за извоз на вината, но оптимистични сме во однос на нашата иднина.


Винарија Јостела
Стефан Крстиќ:
Организацијата беше одлична, а самиот саем можност да пробуваме вина, да сме во друштво на хедонисти што го сакаат животот, и да ги понудиме нашите вина. Задоволни сме од интересот што го предизвика Јостела, со приказната за 3 генерации енолози, дизајн на етикети, виното, приказна за името, традицијата.
Пред италијанската публика се претставивме во Куве Розе, Куве Барик и Мерло од нашите насади.

Винарија Ерос
Сашко Андов:
Минатата година на саемот во Болоња беше татко ми, годинава- јас, тргнав без очекувања а поминав многу добро. Беше интересно и чудно како италијаните брзо прифаќаат непозната сорта, отворени се како нас.
Тие покрај 300 автохтони сорти беа пријатно изненадени од нашите.
Фасциниран сум од од прифаќањето на нетипични работи- ние како земја на сонце, имаме вина кои изобилуваат со свежина: Станушина локална сорта и регионална сорта Жилавка, што беа позитивно прифатени. На саемот ја дознавме најважната работа: зачувување на автохтони сорти, за кои мислевме дека имаат низок квалитет, на тоа треба да се поработи. Разноликоста од автохтоните вина значат култура и идентитет.


Винаријата Мал Свети Климент
Будимир Соколовиќ- Буцо
: На саемот се претставив со Охридско Куве бело, Памид чуван и созреван во амфора донесена од Грузија, Охридско црно од автохтони сорти. Првпат сум тука, имаме доста за учење, корисни работи за нашите винарии, ја имаме вистинската насока за семејни винарии, за агротуризмот. Беше корисно и да го видиме трендот, да понудиме нешто наше, автентично каде што неможат да ни конкурираат, така вредноста е поголема.
Инаку, воодушевен сум од висока винска култура на младите дечки, од држењето на чаша, вистински прашања, пробување, навистина се многу едуцирани. Важната работа што треба да се крене кај нас е винската култура, да се кренат семејните винарии.

Винарија Изворно
Татијана Алексова:
Првпат бевме на саемот и полни сме со прекрасни впечатоци. Изненадена сум од интересот и посетеноста на македонскиот штанд, многу посетители се навраќаа да ги пробаат вината на Изворно по препорака на претходните посетители.Тоа ни кажува дека предизвикавме посебно внимание со прекрасните вина Изворно- Гранд Куве, Изворно Куве.


Винарија Подрум Параџик
Блаже Стојановски:
И јас го делам размислувањето на колегите за добрата организација и за посетеноста на македонскиот штанд. Се претставив со Жилавка Темјаника, Смедеревка селекција, Станушина и Вранец, локални, автохтони и типични за наше поднебје вина. На саемот имаше најмногу италијански гости, прашуваа за начинот на изработка, дали имаме дистрибутери… По дегустциите имав слика на задоволни консуматори, воодушевени од комплексонста на црвените вина и од локалните сорти. Радува податокот дека добивме покана за учество и на други саеми.

Винарија Максимилијан
Ивица Златковиќ:
Импресивна бројка на учесници, понудата, а ние како земја сме на завидно ниво во однос на другите винарии, дури сме и подобри. Посетеноста беше одлична, гостите се интересираа за локалните вина, воодушевени од Вранец, не го вкусиле овој вид претходно, изразија желба да не посетат во Македонија. Добивме покана за други саеми, за извоз. Мојот избор беа Кабарне Франк и Вранец Барик.



Винарија Цветановиќ
Лазар Цветановиќ:
Македонските штандови беа одлично посетени, голем интерес за нас не израдува сите. – Секако пробав и од вината од другите земји, нивната карактеристика е дека се повеќе газирани. Се претставив со Темјаника и Смедеревка. Кај нас тоа е вино за шприцер а кога е газирано, тоа е веќе готов производ. Вреди да се размисли за таков инспиративен потег.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена