Ексклузивното мени што ќе ви овозможи врвно гастрономско уживање на 23 јуни, во ноќта наречена „Вино на штикли“, го подготви најдоброт готвачки тим на „Форца“, што значи уживање за најпребирливите хедонисти и декларирани гурмани.
Гостите ќе уживаат во дегустација на над 100 различни вина од 15 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните деликатеси на Форца.
Шведска маса ќе биде празник за очи составен од: брускети од 4 вида сирења со мармелад од пиперки, брускети со крема од аспарагус, со намаз гвакамоле, паеља форца, јајнешки адана ќебап, ракчиња, урми со панчета, разни домашни и интернационални сирења и сувомеснати производи, десерти на Chocoholic…Списокот е долг и гастрономски инспиративен.
За љубителите на тартуфи, брендот Туф.мк подготви презентација каде ќе можат да се пробат – намаз со маслинки и тартуфи, тартуфата, слатко од портокал со тартуфи, маслиново масло со чист тартуф и уште многу изненадувања со оваа скапа печурка. Дојдете, вкусете.
Во продолжение следи менито за ивентот „Вино на штикли“.