Месец дена по „Охрид фест“, со песната која ги освои сите симпатии и две награди, „Глупаво е да си сам“ на Горан Шарац излезе и српската верзија. Фантастичен двоец- Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ ја снимија „Воли ме ко себе“, текстот повторно го напиша Огнен Неделковски а песната ја доживеа промоцијата на yu tube каналот на Гранд продукција.
И за само еден ден, се случија 26 000 прегледи. Браво за тимот што по се изгледа треба да ја продолжи соработката.
Песната има огромен потенцијал и исто толкава армија на обожаватели, со што се потврди тезата дека на музиката во регионот и требаше нов и свеж музички бран.
Коментарите се затворени