7.8 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025
spot_img

,,Во Кревет”, изложба на дела од Мила Добревска во МКЦ (16-26 септември)

Мила Добревска е современа визуелна авторка (сликарка и мозаичар), која со својот единствен ликовен јазик, комбинирајќи ги експресивните движења на четката, играта на боените површини, како и редењето на мозаиците, има за цел да доловува и буди силни човечки емоции.
„Во кревет“, првата самостојна изложба на Добревска ќе биде отворена на 16 септември (петок) и претставува истражување на душата и потсвеста на човекот во својата најинтимна, најлична состојба. Овој опус веројатно доаѓа од авторовото истражување на личното и интимноста. Со креативната репрезентација на секојдневието, делата се претставени како потрага по инстинктивното и потсвесното.
Претставувањето на ликовите во сонлива состојба е скоро апстрактно, крајно геометризирано со едноставни форми кои суптилно ги доловуваат човечките стремежи преку доминантната игра на контрастни бои кои се натпреваруваат. Со чистиот и храбар колорит, набљудувачот е вовлечен во емоционалните пејзажи создадени од уметникот.
Невообичаениот приод кон медиумот на работа, со техниката на мозаик и импасто на платно, текстуралноста на густите потези, боените монохроматски површини имаат за цел да нѐ воведат преку нашата имагинација целосно да се поврземе со претставеното авторско сценарио.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена