Утре, (недела 23 август), на каналот youtube ќе имате можност да го чуете и видите најновото дело на Игор Атанасовски Харе, композиција наречена „Реприза“.
Ова емотивно парче музика е снимано во студиото „Тралала“ на Мите Димовски а комплетен автор на песната е Харе. На некој начин „Реприза“ е неговото „карантинско чедо“, инаку 8-ма и последната композиција од новиот албум. За разлика од досегашните гостувања на другите музичари, („Љубов“со Тамара Тодевска, „Некаде“ со Дани, „Мајко“ со Аки Рахимовски, Мики Јовановски Џафер во „Посакав да пеам“, „Нокаут“ во темата „Ти си таа“…, Харе оваа песна реши да ја пее сам. Добра одлука, бидејќи толку и такви емоции може да пренесе само оној што ги создал.
Спотот е сниман во околината на Свети Николе, а него го потпишува Кристијан Теодоров.