Во петок (6 март) во Pесторан Аликас – Општина Бутел, по четиринаесетти пат, традиционално ќе се одржи локалната Тортијада- СЛАТКА МИСТЕРИЈА 2020.
Хуманитарната организација ХОА-Ангелчиња заедно со овогодишната Општина домаќин-Општина Бутел и градот Скопје и годинава нудат можност граѓаните да уживаат во изложените креации на нашите аматери и професионалци слаткари, преставници на 10 Општини.
Средствата собрани од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за Филип Коненовски (21), заболен од церебрална парализа.
На тортијадата ќе учествуваат 40- тина професионалци и аматери слаткари, од седум општини во градот Скопје.
Манифестацијата ќе биде поделена во два дела:
– ревијален дел од 16 до 19 ч, кога граѓаните со слободен влез ќе можат да ги разгледаат изложените торти и да гласаат за најдобрата.
Ќе можат да уживаат во изведби на неколку културно- уметнички друштва, и ќе имаат можност да ги гледаат учениците од основни училишта од Општината Илинден како ја употребуваат својата имагинација и декорираат торти.
Официјален дел започнува во 20 часот, и за него се потребни билети.
Шестмината прво наградени од двете категории ќе бидат наши претставници на Интернационалната тортијада што ќе се одржи во октомври а домаќин е Град Скопје.
Коментарите се затворени