Викендов во Скопје, во хотелот „Панорамика“ беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП).
На свеченоста, претседателот на асоцијацијата Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ со членовите на Управниот одбор ја презентираа програмата и целите на асоцијацијата.
Асоцијацијата ќе работи во насока да ја подобри позицијата на водичите во нивната работа, а во исто време да се променат некои законски одредби со кои ќе се заштитат интересите на туристичките водичи и придружници, беше истакнато на презентацијата на новата асоцијација.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени